Connect with us

Фудбал

Илијоски асистент на Ратко Достаниќ – девет нови имиња во Работнички

Работнички за асистент на шефот Ратко Достаниќ го назначи Баже Илијоски, поранешниот истакнат фудбалер на клубот од Дебар Маало.

„Верувам дека со напорна работа Работнички ќе се врати на старите победнички патеки, а јас отворам еден нов сегмент во животот, во клубот кој дадов најмногу и како фудбалер. Не се сомневам дека ќе научам од Ратко Достаниќ и се надевам дека ќе можам да помогнам со моето досегашно искуство“, вели Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.