Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наполи го совлада Интер и е блиску до финале

Фудбалерите на Наполи го совладаа Интер со 1-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.

Домаќинот беше за нијанса подобар противник, но тимот на Гатузо одлично се бранеше и не му дозволи на „залетаниот“ противник да постигне гол. Ељиф Елмас го одигра целиот натпревар, а специфично беше што имаше поофанзивна улога како крилен напаѓач.

Интер шансата за пласман во финалето ќе ја бара на петти март кога во реванш дуел гостува кај Наполи.