Connect with us

Фудбал

Клоп го истакна својот фаворит во борбата за титулaта во Серија „А“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри за кој тим навива во шампионската битка во Серија „А“. Како што е познато, Јувентус, Интер и Лацио во моментов се на првото место.

– Јас го поддржувам Лацио. Мојот пријател и поранешен играч на Ливерпул, Лукас Леива, се бори за титулата во Серија „А“. Јас многу добро го познавам и Чиро Имобиле. Тој беше еден од моите играчи во Борусија (Дортмунд), изјави Германецот за „Раи“.

Тој додаде дека сочуствува со Маурисио Сари и Антонио Конте, но мисли дека Лацио може да ги изненади сите. – Тие имаат навистина неверојатна сезона, додаде Клоп. По 24 одиграни кола во Серија „А“, Лацио се најде на второто место во пласманот, откако е пред Интер со 2 бода и заостанува со еден од Јувентус.