Connect with us

Фудбал

Барса излезе со соопштение за скандалот и профилите од кои се оцрнувале играчите

„Во врска со информациите објавени денеска за компанијата која креира мислење на социјалните мрежи со цел да се нанесе штета на имичот на лица кои директно и индиректно се поврзани со Барселона, сакаме да го соопштиме следново. Негираме поврзаност ниту пак сме побарале услуга од профили на социјалните мрежи кои споделуваат негативни или погрдни пораки и вести. Компанијата И3 Вентурес, која нуди услуги на клубот, исто така нема никаква врска со споменатите профили, и доколку дојдеме до докази дека компанијата има некаква поврзаност, веднаш ќе го раскинеме договорот и ќе ги употребиме сите правни мерки за да ги браниме нашите интереси. Не криеме дека користиме услуги од ИЗ Вентурес за да ги мониторираме социјалните мрежи со цел подобро да ги анализираме позитивните и негативните коментари за клубот. Со помош на овие услуги, клубот се грижи за репутацијата на сите лица и организации поврзани со Барселона (спонзори, играчи, членови на бордот, членови на клубот, членови на навивачки организации…). Клубот исто така бара медиумите веднаш да ги појаснат информациите кои ги објавија и го задржуваме правото да поднесеме тужба против сите кои ќе продолжат да пишуваат невистини“ – гласеше известувањето.