Други спортови
Скандал во МЛБ лигата – со мамење ја освоиле титулата
Американскиот спорт, поточно бејзболот го дрма скандал од невидени размери. Имено, тимот на Хјустон Астроси, шампионот во МЛБ-лигата од 2017 година е обвинет дека со измама дошол до титулата.
Американските медиуми во ноември 2009 година објавија приказна за тоа како Хјустон за време на походот кон титулата во 2017 година користел технологија за да ги краде сигналите кои си ги праќале противниците.
Моментно пичерот на Оклан Атлантикс, Мајкл Фајерс во таа сезона, а и во претходните две бил резерва за Хјустон и ги открил измамите на својот поранешен клуб.
Недолго по објавувањето на неговото признание МЛБ покрена истрага, а комесарот на лигата излезе со пресуда. Астроси во текот на 2017 и 2018 година по електронски пат, поточно со скриени камери ги краделе сигналите на противничките фаќачи кои им ги испраќале на пичерите и тие информации со брзина на светлината им ги испраќале на своите играчи на теренот, што е строго против правилата.
Заради ова Хјустон е казнет со пет милиони долари, менаџерот Еј Џеј Хинк и генералниот менаџер Џе Лахна добија едногодишна суспензија и се отпуштени од екипата која попатно ги загуби и сите пикови од првата и втората рунда во 2020 и 2021 година.
Хјустон со мамење ја освоиле титулата и во 2017 година, а потоа продолжиле со истата пракса, но тоа нема да им го одземе епитетот шампиони. Иако не е докажано дека Хјустон истото го правел и минатата сезона, се верува дека до финалето во кое беше поразен од Вашингтон, дошол исто така со мамење.