Фудбал
ВИДЕО: Баерн тешко до триумф- бламажа на Нојер против „фенерџијата“ Падерборн
Баерн Минхен се намачи да ги освои бодовите против последнопласираниот Падерборн 07 и со 3-2 славеше на дуелот одигран на „Алијанц Арена“ во рамките на 23 коло од Бундеслигата.
Баварците важеа за изразити фаворити на вечерашната средба на „Алијанц Арена“, но до победата од 3-2 дојдоа дури во 88 минута со голот на Левандовски. Ова за Полјакот беше втор гол на дуелот и тоа по втората асистенција на Гнабри. Вреди да се издвои дека голманот на домаќините, Мануел Нојер немаше свој ден, беше директен виновен за израмнувачкиот гол на Србени во 44 минута (1-1), а не интервенираше баш најдобро и кога погоди Мишел во 75 минута.
Германскиот чувар на мрежата е познат по излетувањата од својот гол, а во неколку наврати тоа го чинело погодоци за противникот. Нојер вечерва излета кон левата аут линија, каде топката му ја пресече Србени кој погоди за израмнување.