Фудбал
ВИДЕО: Манчестер сити го доби англиското дерби против Лестер
Со 1-0 во 27. коло од англиската Премиерлига, Манчестер сити го доби англиското дерби против Лестер, а херој на екипата на Пеп Гвардиола беше Габриел Жесус.
Манчестер Сити има 18 победи оваа сезона во ПЛ и 57 бода, сега седум повеќе од третопласираниот Лестер Сити. Сепак, битката за титулата е загубена, затоа што Ливерпул е на врвот со огромна бодовна предност.