Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рома ја прекина серијата порази, славеше над Лече

Рома конечно ја прекина резултатската криза и славеше (4-0) во дуелот со аутсајдерот на хартија, Лече. „Волчицата“ одигра на посакуваното ниво и заслужено ги задржа бодовите во Рим.

Ченгиз Ундер ја отвори серијата голови во 13.минута, а Хенрик Мхитарјан зголеми на 2-0 во 37.минута. Во вториот дел погодија и Един Џеко и Александар Коларов за враќање на победничката атмосфера и во „црвениот“ дел од Рим.

https://youtu.be/wCMTtDEXUPs