Фудбал
Извлечени двојките: Две шпанско-италијанси пресметки – Интер на Хетафе, Рома против Севиља, Јунајтед со најлесен осминафинален противник
УЕФА во Нион (Швајцарија) попладнево изврши жрепката за осминафиналната фаза во Лига Европа. Севиља против Рома ќе биде дербито во осминафиналето каде веројатно најдобро мина Манчестер Јунајтед кој за противник го доби австриски ЛАСК. Најинтересен и најнеизвесен двобој се очекува да биде шпанско-италијанската пресметка помеѓу Севиља и Рома.
Во оваа фаза нема ограничување и тимови од иста земја можат да си застанат на патот во четвртфиналната фаза. Конкуренцијата оваа сезона е огромна, а меѓу фаворитите за титулата од финалето во Гданск се Интер, Манчестер Јунајтед, Рома и Баер Леверкузен.
Денеска од 18 часот Салцбург ќе го дочека Ајнтрахт, откако вчера беше одложен мечот поради ураганот што ја зафати Австрија, но германскиот бундеслигаш е огромен фаворит за да обезбеди пласман после домашните 4-1 во првиот меч.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
Истанбул Башахшехир – Копенхаген
Олимпијакос – Вулверхемптон
Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен
Волфсбург – Шахтер
Интер – Гетафе
Севилја – Рома
Анјтрахт/Салцбург – Базел
ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед