Други спортови
Фриц ќе биде прчката на Надал за освојување на турнирот во Акапулко
Рафаел Надал успеа да се квалифукува во финалето на турнирот АТП 500 во Акапулко.
Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал го победи Бугаринот Григор Димитров со 6-3, 6-2 во полуфиналето на турнирот АТП 500 во Акапулко.
На овој начин, Надал го запиша својот 13-ти успех од 14 натпревари со Димитров и во утрешното финале на турнирот ќе се соочи со Американецот Тејлор Фриц.
Тој порано денеска го совлада својот сонародник Џон Иснер со 2-6, 7-5, 6-3.