Connect with us

Фудбал

Ливерпул со втор пораз – Челзи го елеминираше од ФА Купот

Фудбалерите на Челзи се пласираа во четвртфиналето од ФА Купот откако вечерва со 2:0 на „Стенфорд Бриџ“ го победија Ливерпул.

Ливерпул влегува во кризен период откако доживеа пораз и од Челси во ФА Купот. Тимот кој изгледаше страшно до пред само некое време сега за кратко време нанижа три порази.

Првиот гол го постигна Вилијан во 13. минута, точка на средбата стави Баркли во 64. минута, а домаќините во меѓувреме не реализираа и две големи шанси преку Педро и Жиру.

За Челси ова е прва победа по таа над Тотенхем во Премиер лигата.