Connect with us

Фудбал

Пандев, Елмас, Несторовски ќе треба да ги поминат сите скрининзи за коронавирус во Македонија

Македонските репрезентатвци кои сега се наоѓаат во Италија, при враќање во земјата ќе треба да ги поминат сите скрининзи кои се пропишани од Светската здравствена организација и институциите во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе се направи интервју со сите кои ќе пристигнат во земјава па потоа ќе се преземаат мерки.

Конкретно за фудбалерите рече дека ќе ги почекаат мерките и препораките кои денеска ќе ги објават италијанските власти па потоа ќе одлучат што точно ќе преземат.