Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Арјан Адеми со погодок на дербито против Хајдук

Македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми покажа дека е во одлична форма откако на денешната дерби пресметка против Хајдук го пронајде патот до мрежата. Динамо Загреб го доби вечното дерби против Хајдук Сплит на „Пољуд“ со 2-0, па така дојде на чекор до освојување на трофејот во хрватското првенство, а стрелец на еден од погодоците беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Тимот на Адеми во моментов има 62 бодови и се наоѓа на првото место со дури 17 бодови повеќе од Хајдук.