Connect with us

Други спортови

Мејведер бара 600 милиони долари за борба против Хабиб

Флојд Мејведер кој е непоразен американски боксер, изјави дека нема да се бори со Хабиб Нурмагомедов или Конор Мекгрегор, ако на масата не му бидат извадени 600 милиони долари.

Претходно, Нурмагомедов, сегашниот шампион во лесна категорија во УФЦ, предложи борба против Мејведер според посебни правила – 11 рунди бокс и една рунда ММА. Во август 2017 година Мејведер го победи Мекгрегор во натпревар во боксот.

– Има две имиња: Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов. Вреди 600 милиони долари. Ризикот треба да вреди. Не ја гледам поентата во борбата со обични борци. Јас сум деловен човек. Борбата со Конор има смисла затоа што донесе многу пари, рече Мејведер, цитиран од „Мирор“.