Connect with us

Други спортови

На Хабиб му се понудени 100 милиони долари за борба во Саудиска Арабија

На шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов му беа понудени 100 милиони долари за борба против легендарниот боксер Флојд Мејведер.

Според странските медиуми, Саудијците сакаат да ја организираат оваа мега борба помеѓу ММА sвездата и еден од најдобрите боксери на сите времиња, и обајцата направиле огромни зделки.

Така, Хабиб доби понуда од 100 милиони американски долари за да се пресмета против непоразениот боксер, кој е подготвен да се бори против Конор Мек Грегор во истиот ден за 600 милиони долари.

Саудијците се подготвени да организираат две борби за еден ден, но засега, наводно, тие се на добар пат да го организираат дуел помеѓу Хабиб и Флојд, и веќе испратиле понуда до Дагестанецот, вредна 100 милиони долари.

Хабиб порано честопати посочуваше дека ќе се бори против Мејведер, но со еден посебен услов. Тој услов е барем една од 12-те рунди да се одржи според правилата на ММА.

Сепак, пред да започне договорот, Хабиб мора да се концентрира на одбраната на титулата во Бруклин на 18 април против Тони Фергусон.