Други спортови
Фредерик Васер: Би било малку нечесно да се тркаме без учество на Мекларен
Фредерик Васер, шефот на тимот Алфа Роме во Формула 1, ја коментираше и ја поддржа одлуката за одложување на австралиското Гран-при, откако беше откриен коронавирусот во тимот на Мекларан.
Британскиот тим се повлече од натпреварот, но имаше можност за трка со намален состав на учесници.
„Беше тешка одлука од гледна точка на трките. Но, пред сè треба да размислиме за нашите вработени, за безбедноста на навивачите, за имиџот на „Ф-1“, за имиџот на спонзорите и за Мекларен. Би било малку нечесно да се тркаме без нив. Мислам дека одлуката за одложување е вистинската“, истакна Васер.
Тој додаде дека одлагањето на трката во Мелбурн не беше лесна за неговиот тим.
„Сите работеа напорно за подготвени да го дочекаат Мелбурн. И тркачите, и луѓето од базата дадоа се од себе за максимално подготвени да го дочекаме стартот на новата сезона. Но, бевме принудени да донесеме таква одлука, веројатно е штета што беше доцна, но сè се разви многу брзо“, смета Васер.
Главата трка за Големата награда на Австралија требаше да се вози денеска, а одлуката за откажување на Ф1 викендот во Мелбурн беше донесена во петокот, непосредно пред првата тренинг-сесија.