Connect with us

Други спортови

ЦЕВ ги суспендира сите одбојкарски натпреварувања

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги поместите термините за сите натпреварувања на неодредено време, откако првично ги стави во мирување до 3 април.

Завршниците во Лигата на шампиони, во ЦЕВ купот, во Челинџ купот и квалификациите во младинските категории беа планирани крајот на април и средината на мај, но пандемијата на коронавирус засега ги принуди челниците на ЦЕВ  да стават во мирување сите активности.

„Одложена е втората фаза од Европскиот куп во одбојка на песок, како и Златната и Сребрена одбојкарска лига“, потенцираа од ЦЕВ.