Фудбал
Аталанта го потврди првиот случај на коронавирус!
Голманот на Аталанта, Марко Спортиело, излезе позитивен на коронавирус. Коронавирусот во најголема мера ја зафати Италија од европските земји, а веќе оваа земја бележи највисока бројка на смртни случаи од пандемијата. Веќе дел од екипите се во карантин, поради позитивните тестови на неколку играчи.
Марко е во самоизолација, а изолирани се и останатите фудбалери на тимот од Бергамо.
Спортиело беше дел од тимот кој на „Местаља“ го чекираше билетот за четвртфинале во Лигата на шампионите.
Досега тројца фудбалери на Јувентус (Ругани, Дибала и Матуиди) се заразени во Серија А, а најмногу случаи на коронавирус беа пријавени во Сампдорија и Фиорентина, додека исто така се заразени и техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниеле.