Connect with us

Фудбал

Фудбал моментално се игра во Белорусија, Русија, Шведска и Боцвана

Минатиот викенд, на општо изненадување со оглед на ширењето на коронавирусот, почна новата фудбалска сезона во Белорусија. Но, поранешната советска република не е единствена во која најважната споредна работа во светот во моментот и пркоси на пандемијата на Ковид-19.

Денеска, на пример, фудбал се играше или се игра во уште три земји во светот од кои две се европски. Закажани се осум натпревари од пријателски карактер и тоа во Русија, во Шведска и во Боцвана.