Connect with us

Фудбал

ПОТВРДЕНО: Серија А ќе има шампион оваа сезона

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Серија А ќе добие шампион сезонава.

„Постои план кој е наш приоритет. Сите би биле среќни ако сезоната се заврши на терен. Ние сме во контакт со ФИФА за ситуацијата со истекот на договорот на фудбалерите, доколку треба да се продолжи рокот за завршување на сезоната, а моментално тој е 30 јуни.

Мораме да најдеме решение, а идеалното би било ако завршиме до 30 јули. Сепак, ние мора да бидеме во чекор со правилата што доаѓаат од политичкиот врв, и ако не можеме да играме, би сакале да донесеме одлука за тоа што се случуваше досега на теренот. Разговараме за скудетото, за пласманот во европски натпреварувања, испаѓањето и влезот во Серија А“, рече Гравина.

Според моменталниот пласман Јувентус повторно би бил шампион на Италија, а во Лигата на шампионите учество ќе обезбедат Лацио, Интер и Аталанта.