Фудбал
Пандев до македонска политичка партија: Не го злоупотребувајте моето име во овие тешки моменти
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев со реакција на социјалната мрежа Инстаграм, бидејќи било злоупотребено неговото име.
„Во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со сито-политички игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајов комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име“, се вели во реакцијата на Горан Пандев.
Во текот на денот, споменатата политичка партија, објавила фотографија на социјалните мрежи со ликот на Горан Пандев на која напишала доколку сакате спорт, седете дома.