Други спортови
„Ѓоковиќ е најголемиот губитник од паузата поради коронавирусот“
Тениската сезона е прекината барем на 13 јули поради коронавирусот.
Откажани се некои големи турнири како Ролан Гарос (што треба да се одигра во септември) или Вимлдон. Исто така, откажани се целосни сезони на гума и трева и некои мастерси во САД.
Прославениот шведски тенисер Матс Виландер смета дека сите овие одложувања и паузи ќе бидат најтешки за Новак Ѓоковиќ, кој претходно беше во голем налет на победи и освои бројни турнири.
„Ѓоковиќ е најголем губитник во сето ова. Тој не загуби ниту еден натпревар на почетокот на сезоната и пандемијата на вирусот го запре неговиот налет. Исто така, младите се во загуба. Момци како Шаповалов, Циципас или Аугер Алиасиме не се заинтересирани за тренинзи. Тие го прават најдобриот напредок играјќи натпревари.” вели Матс и додава:
„Единствените што профитираат се оние кои беа повредени по Австралија опен. Кога сезоната продолжува, сите започнуваат од нула. Единствената лоша работа е што тие не знаат кога ќе биде“.
Ѓоковиќ е без пораз од почетокот на сезоната, освојувајќи ги Австралија опен и Дубаи.