Connect with us

Други спортови

Мото ГП: Вкупно седум трки се откажани

Пандемијата на коронавирусот ги откажа Мото ГП трките во Италија и Каталонија.

Во Италија имаше план да се вози од 29 до 31 мај, а во Каталонија од 5 до 7 јуни, но беше јасно дека тоа нема да биде можно.

Мото ГП објави дека обете трки се откажани поради пандемијата, а засега не е можно да се одредат нови датуми.

Како што сега стојат работите, сезоната нема да започне до средината на јуни, а требаше да започне на 8 март со трка во Катар.

Досега се откажани вкупно седум трки.