Connect with us

Фудбал

До крајот на неделава одлука! Што ќе се случува со домашното фудбалско првенство

Нејасна е состојбата во македонскиот шампионат кој е исто така во прекин без точна најава за евентуално финиширање на сезоната. Се огласија и дел од тренерите кои тврдат дека тренажниот процес е предолго прекинат и ќе треба многу време фудбалерите да се вратат  на вистински колосек.

Дека нема време за губење во мак-фудбалот потврдуваат и неофицијалните информации од ФФМ дека решението ќе биде објавено до крајот на неделата.  Веќе во наредните денови најверојатно ќе се разгледа актуелната состојба во согласност со препораките и уредбите на Владата  и  можна е конечна одлука за сите првенства во мак-фудбалот кои се во прекин со цел да се намалат трошоците на клубовите кои енормно растат со зголемувањето на неизвесноста.

Опциите се да се прекине играњето  и клубовите ги задржат позициите според моментниот пласман или пак да се чекаат  упатствата на УЕФА која засега стои на ставот првенствата да се доиграат кога пандемијата ќе се ублажи или заврши во целост што за многумина е преоптимистичка варијанта.

Да потсетиме лидер во првенството е Вардар пред Силекс на втората позиција и шампионот Шкендија на третото место.

Извор: Сител телевизија