Connect with us

Фудбал

Лампард: Продолжуваме по нашиот план, не треба да ги копираме големите

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, нагласи дека нема намера да се откаже од неговиот стил на работа кој треба да го однесе тимот до самиот врв во Премиер лигата и да го вклучи во трката за титулата.

„Пред нас има многу напорна работа ако сакаме да го имаме нивото на Ливерпул и Манчестер Сити. Тие секогаш можат да си дозволат да купат квалитетни играчи и да конкурираат за пехарот. Не треба да ги копираме големите тимови. Ние треба да изградиме наш стил, имаме искусни фудбалери кои им помагаат на помладите. Сепак, треба да се засилат одредени позиции“, вели Лампард.