Фудбал
Нема криза и ПСЖ не се откажува од Нејмар – му нуди вртоглава сума за да остане на „Паркот на принцовите“
Во редовите на францускиот првак нема да има криза по пандемијата коронавирус. Долго време се шпекулира дека бразилскиот фудбалер Нејмар би можел да се врати во редовите на Барселона.
Сумата која Нејмар ќе ја заработува на годишно ниво доколку ја прифати понудата е вртоглава – 38 милиони евра! Дополнително ќе се разговара околу бонусите, но прашање е дали и овој богат договор ќе биде доволен за Нејмар да остане во француската престолнина.
Сепак, сега шпанскиот медиум „Диарио Спорт“ пренесува дека ПСЖ не сака лесно да се откаже од фудбалерот и преку спортскиот директор Леонардо кова лукав план за да го задржи играчот на „Паркот на принцовите“.
Имено, ПСЖ ќе му понуди нов договор на Нејмар вреден неверојатни 750.000 евра неделна плата. Договорот би истекувал во 2025 година, а Нејмар со оваа сума би станал третиот најплатен фудбалер во светот веднаш зад Меси и Роналдо. Во овој момент на третата позиција како најплатен фудбалер е Антоан Гризман кој има месечна плата од 3.5 милиони евра.