Connect with us

Фудбал

Швајцарците се бесни на Косово: Повторно ни крадат фудбалери

Оргес Буњаку има понуда од Косово, откако добиja дозвола од УЕФА и ФИФА да се натпреварува во квалификациите за големите натпреварувања, тргна во огромна офанзива и на сите страни договараше играчи за настап во својата селекција.

„Ова треба веднаш да сопре. Буњаку има швајцарски пасош и треба да игра за нашата репрезентација. Треба да се превземат построги мерки за да се спречи ние да произведуваме таленти, кои играат за други држави“, во ваков стил коментираат Швајцарците на социјалните мрежи.

Меѓу најпогодените земји од офанзивата на Косово беа Албанија и Швајцарија, а земјата од под Алпите повеќе пати реагираше и се жалеше. Последен играч во низата е еден од најголемите таленти на Базел, Оргес Буњаку добил повик за засилување на ривалот на Македонија пред баражот за Европското првенство.

Буњаку се уште не донел конечна одлука, а „атакот“ на Косово на уште еден голем талент на швајцарскиот фудбал, предизвика лавина од реакции.

Историската средба за нашата селекција против Косово требаше да се одигра на 26 март, но поради пандемијата од коронавирусот прво беше одложено за јуни, па одново за наесен.