Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Најпознатиот гол на Пипо Инзаги, денн кога Супер Пипо го сруши Ајакс и го „запали“ Сан Сиро

Поминаа 17 години од драмата на „Сан Сиро“ Филипо Инѕаги сезонава имаше одична сезона и како тренер со неговиот Беневенто доминираше во Серија Б во Италија. Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги беше фантастичен напаѓач во своето време, посебен вид напаѓач: „Предатор“, секогаш на работ на офсајдот, незабележано, сè додека не се најде во шанса за гол.

„Неверојатно е дека тоа беше пред 17 години а се уште се возбудувам кога ќе помислам на тој ден“, вели Инзаги.

„Чувството е како да беше вчера. Некои ноќи остануваат во вашето срце засекогаш. Најинтересната работа е што ако прашате било кој фан на Милан кој мој гол му е омилен со исклучок на финалето во Атина, тие ќе кажат оној во судиското продолжение против Ајакс, но голот не ми беше запишан мене“.

„Доколку линискиот судија погрешеше, можеше да крене и офсајд. Но Милан ја освои Лигата на шампионите таа сезона. Понекогаш фудбалот е навистина неверојатен“.