Connect with us

Фудбал

Натпреварот Македонија-Косово ќе се одигра оваа година по месец септември

Мора да ги гледаме сите работи и да одлучиме што е најдобро, вели Филип Поповски од Фудбалската федерација од Македонија, по последните случувања со коронавирусот. Тој додава дека добро е тоа што веќе рестрикциите се намалуваат и полека се враќа животот во нормала.

Околку одложените натпревари вели дека конечните одлуки ќе се донесат на 27-ми мај од страна на УЕФА, за датумот и времето за одигрување на Плеј-офф натпреварите на репрезезнтациите вклучувајќи ги и квалификациите на У21, У19 како и квалификациите од женските национални селекции.

Поповски потенцира дека Купот на Македонија и Првата лига мора да се завршат оваа сезона.