Други спортови
Новата сезона во Формула 1 започнува на 5 јули со трката за ГН на Австрија?
Новата сезона во Формула 1 требаше да започне кон средината на март, но е одложена поради пандемија на коронавирус.
Првата трка традиционално требаше да се одржи во Австралија, но пандемијата значително ги промени плановите. Оттогаш, повеќе од пет трки се откажани, а точниот календар за новата сезона сè уште не може да се утврди.
Утрово беше потврдено дека трката за Гран-при на Франција, за која многумина веруваа дека може да биде почеток на нова сезона, исто така е одложена.
Сепак, челниците на Формула 1 рекоа дека планот е новата сезона да започне на 5 јули со трката за Големата награда на Австрија. Планот е да се тркаат во Европа во јули, август и септември, а потоа Азија и Америка.
Сезоната е поставена да заврши во декември оваа година и првите неколку трки сигурно ќе се одржат без навивачи на трибините.
A potential start date for the season
Formula 1 is targeting a 15-18 race season, beginning in Austria on the weekend of July 3-5 #F1 pic.twitter.com/UjBGtvDj2s
— Formula 1 (@F1) April 27, 2020