Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи го раскина договорот со шведскиот Хелсинборг

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи го раскина договорот со шведскиот Хелсинборг.  Поранешниот член на Шкендија во јануари оваа година се реши за прв интернационален предизвик, но по само пет месеци се врати во родната Македонија, иако со клубот имаше договор до јуни 2020 година.

„Морам да бидам покрај семејството во Македонија. Бидејќи не сум во можност да го дадам максимумот, мислам дека ова решение е најдоброто за двете страни. Добро е што наидов на разбирање од раководството на клубот, и за тоа им сум благодарен. Му посакуван сè најдобро на Хелсинборг во иднина“, вели македонскиот репрезентативец.

Хелсингборг официјално го поддржа Бејтулаи, посакувајќи му среќа во иднина. Тој во јануари потпиша 3-годишен договор со овој тим, но не успеа да одигра ниту еден официјален натпревар.