Други спортови
Гејџи го победи Фергусон во главниот настан на УФЦ 249
Џастин Гејџи ја оствари најимпресивната победа во кариерата, со што стави крај на рекордната серија од 12 победи на Тони Фергусон во лесна категорија и заслужено ја крена привремената титула.
Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249.
Тони Фергусон од многумина сметаше дека е човекот кој ќе стави крај на владеењето на Хабиб, но изненадувачки или не, тој беше целосно поразен од моќните тупаници и комбинации на Гејџи.
Гејџи веќе има 22 победи и само 2 порази во ММА (5-2 УФЦ), додека Фергусон за прв пат загуби по 8 години и веќе има статистика 25-4 ММА, 15-2 УФЦ.