Фудбал
Првиот човек на Лион призна: Депај може да ја бара среќата на друго место
Прва мета на Милан во следниот трансфер период е напаѓачот на Лион, Мемфис Депај.
Тие исто така се обидоа да го доведат Депај на „Сан Сиро“ минатата година, но не успеаја, и сега повторно ќе се обидат да го сторат тоа.
Првиот човек на Лион, Jан-Мишел Аулас, потврди дека Депај скоро сигурно ќе замине доколку Лион не победи во Европа.
Неговиот договор трае до 2021 година, а тој во моментов се опоравува од повредата, па ќе донесе одлука кога ќе закрепне.
Единствениот проблем за Милан е што тие не се на место кое води кон Европа, така што Депај би можел да ја бара среќата на друго место.