Connect with us

Други спортови

Карлос Сајнц нов возач на Ферари

Ферари доби нов возач за следната сезона.

Шпанецот Карлос Сајнц ќе седне во автомобилот на одличниот италијански тим и ќе биде партнер на Чарлс Леклер.

Сајнц ќе го замени Себастијан Фетел во Ферари, чие заминување е потврдено, а се претпоставува дека Германецот ќе замине во Мерцедес и со тоа ќе направи вистински тим од соништата со Луис Хамилтон.

Даниел Рикиардо треба да седне во автомобилот на Мекларен наместо Сајнц, а официјалната потврда дека Шпанецот е новиот возач на Скудерија ќе пристигне денес.

Сајнц е во Формула 1 од 2015 година, а пред Мекларен возеше за Торо Росо и Реналут.