Connect with us

Други спортови

Путин го осигура таткото на Хабиб на најдобар можен третман

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, сè уште е во сериозна состојба, откако беше откриено дека тој има коронавирус.

Абдулманап претрпе срцев удар и итно беше префрлен од Дагестан во Москва. Тој веќе неколку дена е во кома, а лекарите се борат за неговиот живот.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така се вклучи во борбата за неговиот живот, обезбедувајќи му на 57-годишниот тренер најдобар можен третман.

“Таткото на Хабиб се уште е во кома. Можам да потврдам дека Хабиб е во контакт со Владимир Путин и тој вети дека Абдулман ќе го добие најдобриот можен третман”, изјави менаџерот на шампионот на УФЦ, Али Абделазиз.

Хабиб вчера за прв пат проговори за состојбата на неговиот татко и прогнозата навистина не ветува.