Connect with us

Фудбал

Доколку сакаат да го доведат Вилијам, Тотенхем ќе мора прво да се ослободи од еден играч

Тотенхем се главните кандидати за доведување на Вилијан, кој ќе стане слободен агент на крајот на сезоната.

Тој нема намера да остане во Челси, но сè уште не избрал клуб каде ќе ја продолжи кариерата, иако англиските медиуми потенцираат дека тоа ќе биде Тотенхем.

Jозе Мурињо е запознаен со неговите можности, а тој го сака во својот тим од следната сезона, но одлуката е на играчот.

Меѓутоа, ако Вилијан се согласи да дојде, Тотенхем ќе мора да продаде еден од играчите, а тоа би можело прво да биде Ерик Ламела.

Причината е високата плата што ја има Вилијан, која е 120 илјади фунти неделно.