Фудбал
Јаневски бара нов клуб, си замина од Енозис
Некогашниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација, Чедомир Јаневски се раздели со кипарски Енозис.
После една деценија, Јаневски во јануари се врати во кипарскиот фудбал, а откако федерацијата го прекина шампионатот и нема да има релегација од него, завршија обврските според договорот и на македонскиот стручњак.
Јаневски дојде во Енозис за да го спаси клубот во јануари после една деценија откако го тренираше овој клуб и набрзина го врати тимот во вистински ритам, но пандемијата со Ковид-19 го прекина првенството, а со тоа завршија и обврските на македонскиот стратег на Кипар.
Јаневски за време на пандемијата се врати во Белгија и очекува следен тренерски ангажман.