Connect with us

Фудбал

Ристовски: Ова беше авантура во која никој не веруваше

Македонија го загуби финалниот натпревар од баражот за СП од репрезентацијата на Португалија на „Драго“ и не успеа да се пласира на Мундијалот. Нашите момци дадоа се од себе, но едноставо среќата ги посака португалците.

По натпреварот, капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски истакна дека сега терба да се продолжи со работа и да веруваме дека Македонија пак ќе игра на големо натпреварување во иднина.

„Македонија со високо кренати глави си заминува. Честитки за Португалија, но ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд на овој тим, на оваа екипа, зашто го шокиравме светот. Сега треба да продолжиме да работиме и да веруваме“, рече Ристовски

„Примивме гол кога имавме добар период, а кога играте против ваква селекција секоја грешка скапо се казнува. Бруно, Роналдо – не простуваат. Јас на Светско ќе навивам за Португалија, помалку се чувствувам Португалец, зашто и мојот син е роден тука и би сакал да станете светски прваци“, додаде Ристовски.

„Во Македонија немаме многу простор за напредок, но напредуваме и ова треба да ни е пример за во иднина. Треба да израснеме млади фудбалери, да работиме и да веруваме дека во иднина Македонија пак ќе игра на големо натпреварување“, заврши Ристовски.