Фудбал
Абрахам со гол го продолжи договорот со Челзи
Тами Абрахам бараше поголема плата од Челзи за да го продолжи договорот, но по голот против Кристал Палас, неговиот договор автоматски беше продолжен за уште една година.
Со голот против Кристал Палас, Тами Абрахам ја активираше клаузулата што ја имаше во неговиот договор, па неговиот договор со Челзи сега важи до 2023 година.
Клаузулата предвидуваше едногодишно продолжување на соработката доколку Абрахам постигне 15 гола во Премиер лигата оваа сезона, а условот е исполнет во победата против Палас.
Како тоа ќе влијае на неговите преговори за поголема плата останува да се види.