Connect with us

Фудбал

Абрамович го повика Зидан да го преземе Челзи

Само по напуштањето на Реал Мадрид, Зинедин Зидан контактираше со претседателот на Челзи Роман Абрамович да ја преземе клупата на фудбалскиот тим од Лондон.

Британските медиуми објавија дека Абрамович ги запре преговорите со Маурисио Сари поради изненадувачкото заминување на французинот, кој трет по ред ја освои Лигата на шампионите, и нема да штеди на пари за да го доведе Зидан.

Челзи моментално има менаџер – Антонио Конте, но е пред вратата за заминување, поради лошите резултати изминатата сезона.

Абрамович сака неговиот наследник да биде легендарниот Зидан, иако речиси се согласи со Сари, кој сега е втора опција.

Но, големото прашање е дали Зидан е подготвени да замине во Челзи, посебно што сака е да се одмори послем Реал.