Кошарка
Адамс: Па не живееме во Сирија!
Кошаркарот на Оклахома, Стивен Адамс, го коментираше животот во Орландо, каде што ќе се игра последниот дел од сезоната во НБА-лигата на крајот на јули.
НБА-лигата запре на 11 март поради коронавирусот, но ќе продолжи на 31 јули во Орландо, каде 22 екипи ќе го играат последниот дел од сезоната.
„Луѓе, ние не сме во Сирија. Не е толку тешко. Да разјасниме нешто, живееме во комплекс и гледам дека сите се жалат на нешто, тие имаат некои свои барања, но ништо посебно“, рече Адамс, кој денес го слави својот 27 роденден. како ќе го слават?
„Мислам дека ќе играм шах малку. Одам да јадам нешто, па ќе одам на базен и можеби ќе учам малку. Ништо посебно, обичен ден“.