Connect with us

Фудбал

Адеми: Денес секој може да победи секого, а ние тоа го докажавме

Македонија ја совлада Италија во Палермо и се избори за финалето од баражот за Светското првенство во Катар.

Аријан Адеми во изјава по победата на Македонија истакна дека ништо не е невозможно во фудбалот, дека секој може да победи секого и дека нашите фудбалери тоа го докажаа.

„Во ред, ја победивме Италија и знам дека тоа силно одекна во светот. Сите пишуваат за големата сензација, за изненадувањето, но треба да биде јасно дека повеќе нема слаби репрезентации. Не ми се допаѓа како се претставува нашиот триумф, како некое огромно изненадување. Денес секој може да победи секого, а ние тоа го докажавме. Не славевме многу, имаше еуфорија, се веселевме, но сето тоа заврши таму. Пред нас е мечот со Португалија. Италијанците испаднаа големи господа, навивачите не испратија со аплауз“, изјави Адеми.

Адеми истакна дека желбата, енергијата и волјата може да ја надоместат разликата во квалитетот.

„Ништо не е невозможно во фудбалот. Кога имате таква енергија, желба, волја, како што имавме ние, тогаш може да се надомести разликата во квалитет. Секако, важна е и гладта за победа. Тоа не красеше со Германија, така беше со Италија, а се надевам дека така ќе биде и со Португалија“, истакна Адеми.

Иако пред скоро време се опорави од повредата, сепак најде сили да отпатува за Палермо и да ги брани боите на Македонија.

„Јас само со два цели тренинзи со Динамо отидов со репрезентацијата. Но, во вакви моменти не размислуваш многу за тоа. Се оди до крајни граници, бидејќи знаеме за што играме. Можам да замислам каква е атмосферата во Скопје. Така е секогаш на Балканот, еуфоријата не фаќа и нема да не пушти до Португалија. Само нека се радува народот, а за нас играчите е најважно да не летнеме во облаци. На крајот на краиштата, го исфрливме европскиот првак, но реално не сме направиле ништо ако не отидеме на СП“, заклучи Адеми“, заклучи Адеми.