Фудбал
ВИДЕО: Адеми и Ристовски елиминирани, ама Динамо Загреб добро ќе заработи
Виљареал славеше со 2:1 против Динамо Загреб, па со вкпуни 3:1 обезбеди пласман во полуфинале. Но и четвртфиналето е историски успех за Динамо Загреб, за кој се разбира играат нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Со оглед на тоа дека хрватскиот тим играше две преткола, па групна фаза, па стигнаа до четвртфиналето, заработката ќе биде повеќе од солидна.
Хрватските медиуми објавија дека само од наградниот фонд на УЕФА, Динамо ќе инкасира 12 милиони евра. Сепак, тука не се пресметани приходите од маркетинг и тв правата, сума која секако е во милиони евра.
Минатата сезона Динамо Загреб играше во групната фаза од ЛШ, од каде заработи 30 милиони евра.