Connect with us

Фудбал

Адриан Рабио се договори со Барселона

Играчот од средниот ред на францускиот шампион ПСЖ, Адриан Рабио (23) ги договори сите услови околу трансферот во редовите на Барселона.

Како што тврди „Le Parisien“, Барселона го договори трансферот на 23-годишниот играч од средиот ред, но не е прецизирано дали Рабиот ќе го засили тимот од „Ноу Камп“ во јануари или на крајот од сезоната.

Договорот на Рабиот со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Неодамна клубот го ’замрзна‘ и тренерот Томас Тухел порача дека веќе не смета на него, па извесно е дека овој фудбалер може да замине уште во јануари.

За интересот на Барселона за Рабио со месеци се пишуваше во медиумите. „Каталонците“ се обидоа да го доведат во своите редови уште во летниот преоден рок, но не постигнаа договор со ПСЖ.

Меѓутоа, младиот играч од средниот ред по секоја цена сака да замине од Париз. Одби да потпише нов договор и како што стојат работите за брзо ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Рабиот ги помина сите младински категории на францускиот тим, а за првиот тим одигра 219 натпревари и постигна 24 голови.