Connect with us

Тајмаут

Пукна бракот меѓу фудбалската ѕвезда и инфлуенсерката! Енцо сака ергенски живот, заборави на љубовта и децата (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер на Челзи, Енцо Фернандес се разведе од сопругата Валентина Сервантес, што двајцата јавно го потврдија.

Фудбалската ѕвезда и инфлуенсерката ставија точка на својата долгогодишна љубов која траеше уште од детството, а судејќи по напишаното на социјалните мрежи, на пријателски начин ставија крај на бракот. Двајцата имаат две деца, ќерка родена во март 2020 година и син во октомври 2023 година и поради нив ќе останат во близок контакт.

– Се договорив со Енцо да се оддалечиме еден од друг, но секогаш ќе бидеме семејство и ќе се поддржуваме во се бидејќи има наши две деца на кои им треба многу нашата љубов – изјави Сервантес на Инстаграм.

– Знам каков човек е Енцо, одличен татко и какво срце има. И тоа ми е доволно. Не сакаме да создаваме војни таму каде што ги нема – додаде таа.

Позадината на разделбата ја открија аргентинските медиуми, поточно новинарката Жулиета Аргента, која вели дека е иницирана од Енцо. Наводно, Енцо сака да ја доживее фазата од животот што ја прескокнал откако многу млад станал татко и основал семејство.

– И кажа дека сака да живее сам. Тие се уште се семејство, но тој чувствува потреба да го доживее она што го пропушти – откри Аргента.

Одлуката на Фернандеш во врска со неговиот приватен живот доаѓа во време на тежок период во неговата кариера во Челзи, бидејќи тој во голема мера е резерва кај Мареска и покрај тоа што беше платен 120 милиони евра во Бенфика.