Connect with us

Фудбал

АДСДП контра Мурињо: Головите не беа пониски

Откако Жозе Мурињо на социјалните мрежи, но и на прес конференцијата изјави дека по нивната реакција, дека головите се 5 сантиметри пониски, биле сменети, се јави и Акционерското друшство за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), кое стопанисува со Арената „Тодор Проески“. Од таму велат дека ваквите обвинувања се неосновани, односно дека висината на головите била според пропишаните правила на УЕФА. Ја корегирале висината, како што велат, во интерес на натпреварот.  вели дека се неосновани т

-Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината на двата гола веднаш беше минимално коригирана. На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра “, се вели во соопштението на АДСДП.