Фудбал
Агентите од клубовите од Серија А минатата година заработија 138 милиони евра
Фудбалскиот сојуз на Италија минатата година објави податоци за распределбата на клубовите за фудбалските агенти.
Иако имаше многу помалку големи трансфери поради пандемијата на коронавирусот, агентите повторно профитираа значително, со нешто повеќе од 138 милиони одвоени за нивните услуги.
Јувентус плати најмногу за посредници. Старата дама плати 20,8 милиони евра, следена од Рома (19,2 милиони) и Милан (14,3) милиони.
Наполи плати над десет милиони евра на агентите (12 милиони), додека Интер и Фиорентина издвоија по девет милиони евра.
Специја е тимот кој им дал најмалку пари на агентите и за нив биле издвоени само 876.132 евра.