Connect with us

Фудбал

Агентот на македонскиот „дијамант“: Елмас вреди 40 милиони евра!

Агентот на македонскиот „дијамант“, Џорџ Гарди, за италијанските медиуми изјави дека вредноста на Елиф Елмас скокнала и тој сега на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.

-Кога имате стандарден репрезентативец, кој постигнува голови, ја креира играта на националниот тим, нормално е цената да се зголеми, Наполи има фудбалски бисер во тимот, сега тој вреди 40 милиони евра, изјави Џорџ Гарди.

Иако имаше шекулации дека Елиф Елмас можно е да го напушти Наполи по завршувањето на оваа сезона, сепак последните информации велат дека италијанскиот тим нема намера да се откаже од неговите услуги. Кај Гатузо не е стандарден, но според резултатите се очекува и него смена.