Connect with us

Фудбал

Агентот на Пјаца потврди: „Марко се враќа во Јувентус“

Хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца во моментов е на позајмица во германскиот Шалке. Пјаца е под договорен со Јувентус, а  одлучи да замине за Германија во зимскиот преоден период.

Хрватскиот напаѓач се опоравува од тешка повреда на лигаментите, и побара нов клуб во кој полека ќе се врати во форма и да влезе во континуитет кој добро ќе му дојде пред Светското првенство. Шалке се чинеше како одличен избор на поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, а сега тренер на германскиот клуб Доменико Тедеско инсистираше за доаѓањето на Пјаца, а тоа беше чудно затоа што Пјаца не играше толку колку што се очекуваше од него.

Досега, во Бундеслигата има забележано седум настапи, од кои само три пати беше во стартниот состав, а во купот одигра, и започна две натпревари. Така тој одигра 387 минути и постигна два гола за Шалке.

И покрај сите овие проблеми, Јувентус не планира толку лесно да се откаже од играчот што го платил 23 милиони евра. Челниците на италијанскиот гигант не ни сакаа да слушнат за можноста за откуп да се стави во договорот.

Пјаца овие денови е тема на италијанските медиуми, агентот на играчот Марко Налетилиќ во интервју за „Тутоспорт“ изјави дека Пјаца ќе се врати во Торино.

„Јувентус веруваат во него, затоа тие не сакаат на Шалке да му остават било каква можност за откуп. Марко ја истата идеја, се гледа себеси во Јувентус, нивни играч е, и сака да се врати. Тоа е договор од јануари, иако во фудбалот работите може да се брзо се свртат“, изјави Налетилиќ, кој призна дека повеќе очекувал од оваа позајмица.

„Очекувавме повеќе, делумно поради тоа што тренерот Тедеско го убедуваше Марко да го избере Шалке. Очекувавме дека во овој дел од сезоната ќе заигра на повеќе натпреварот, но реалноста е дека потребно е подолго време за да се врати во вистинската форма по овој вид на повреда. Шалке е втор и се бори за лигата на шампионите, со право го гледаат интересите на тимот. Сепак, тоа беше позитивно искуство, јас сум убеден дека тоа ќе биде корисно за Марко во пресрет на Светското првенство и следната сезона во Јувентус“, откри Марко Налетилиќ.