Фудбал
Агим Ибраими потпиша за Шкендија
Актуелниот македонски првак Шкендија добива големо засилување. Агим Ибраими потпиша договор со тетовскиот клуб и се враќа во матичната средина каде и ја почна кариерата.
Трансферот треба многу брзо и официјално да го потврдат од клубот. Ибраими го раскина договорот со Домжале и конечно најде заеднички јазик со Шкендија.
Преговорите траат две години, од периодот кога Ибраими беше член на Астана, а ЕКИПА откри дека Шкендија на поранешниот репрезентативец му понуди 500.000 евра.
Извор: Екипа.мк